Еден косовски полицаец е убиен, а друг е повреден во пукање во село во северно Косово рано во неделата, изјави премиерот на земјата Албин Курти. Tој го обвини Белград и го опиша нападот како терористички чин.
-Напаѓачите се професионалци кои носат маски и се тешко вооружени, изјави тој.
Припадници на американскиот КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањско во Лепосавиќ, во северно Косово. Поради нападот влезот од Србија на Косово не е дозволен преку преминот Јариње, додека сообраќајот во спротивна насока се одвива нормално.
Се одржа итен состанок на Советот за безбедност, а потоа беше организирана и прес-конференција. Курти рече дека во селото Бањска, каде што е убиен полицаецот, има најмалку 30 вооружени мажи.
-Нападите на вооружените групи продолжуваат. Има најмалку 30 мажи вооружени до заби кои се опколени од нашите сили и ги повикувам да се предадат. Тие се оние кои ја напаѓаат нашата полиција. Напаѓачите и нивните началници ќе бидат фатени и казнети – рече Курти.
Српските медиуми јавија дека поради рафалите што се случаат на Северот на Косово луѓето седат заклученои во домовите, а обраќање кон јавноста закажа и српскиот претдетале Александар Вучиќ.