Косовската полиција потврди дека е убиен еден од напаѓачите во Бањска и Звечани. Според полицијата, по опасноста од спорадичните напади на криминални групи, полицијата во самоодбрана е должна да одговори на криминалните групи „каде според досегашните информации е убиен еден од напаѓачите“ , пренесува Klankosova.tv.

Понатаму, полицијата соопшти дека ситуацијата на северот од државата продолжува да биде тензична, каде и покрај нападите врз нив, полицијата продолжува со ангажирањето за создавање безбедносен периметар.

„Професионалните напаѓачи во значителен број, маскирани и униформирани со различни униформи, вооружени со тешко оружје, гранати, зољи, некои оклопни возила, користат различни простории и приватни предмети, вклучително и во и околу манастирот во Бањска со цел засолниште и позиционирање за пукање кон полициските единици на косовската полиција“, се наведува понатаму во реакцијата.

Досега полицијата ги затвори двата гранични пункта на север, Јариње и Берњак, бидејќи најавија дека продолжува полициската координација со локалните и меѓународните институции.