Во дворот на манастирот Бањска има маскирани и вооружени лица, додека свештенството и верниците се затворени во капелата.

– На една фотографија се гледа како едно лице зборува, дури и судејќи по фотографијата, како му се заканува на еден од свештениците, пишува Блиц.рс.

Да потсетиме, Рашко-призренската епархија претходно соопшти дека група вооружени маскирани лица со оклопно возило упаднале во манастирот и ја пробиле заклучената манастирска капија.

– Во моментов во манастирот има група верници од Нови Сад, со свештеник, игуменот Данило и браќата од манастирот – се наведува во соопштението на епархијата.