Косовската полиција го потврдува убиството на тројца напаѓачи и апсењето на еден напаѓач. Дополнително, уапсени се четворица осомничени кај кои биле пронајдени радио врски, како и идентификација на значително количество оружје, муниција и разновидна опрема. Според други информации пак кои се уште не се потврдени, убиени се вкупно 6 напаѓачи од вооружената група.
Полициските дејствија се спроведуваат според плановите и развојот на теренот, одговарајќи во самоодбрана на нападите насочени кон полициски службеници, чии животи се загрозени.
Според официјалните информации од терен при размената на оган, се потврдува убиството на уште двајца напаѓачи, кои биле маскирани, униформирани и тешко вооружени, а потврдено е и апсење на униформиран и вооружен напаѓач.
Како резултат на нападите, со претежно полесни повреди се здобил полициски службеник на косовската полиција.
При полициските акции на станбена локација што ја користеле напаѓачите, пронајдена е логистичка опрема, сомнителни воени возила, воени униформи како и оружје и муниција од различен калибар.
Исто така, полициските единици при вежбање на рутински контролен пункт на возила, во атарот на село Рударе, приведоа четворица осомничени кои нелегално поседуваат радиостаници, за кои постои сомневање дека се поврзани со криминални групи, каде што сите понатамошни дејствија ќе се преземаат во соработка и координација со органите на правдата.
Официјалните информации засега потврдуваат убиство на тројца напаѓачи, апсење на еден напаѓач, апсење на четворица осомничени кај кои се пронајдени радио комуникации, како и идентификација на значително количество оружје, муниција и разновидна опрема.
Косовската полиција продолжува да ги повикува криминалните групи да се предадат на органите на правдата и истовремено ги повикува граѓаните на соработка со органите на прогонот, во интерес на смирување на ситуацијата и општата безбедност.