Косовската полиција пронашла и запленила 20-тина возила наполнети со разни видови оружје на групата која го изврши нападот врз косовската полиција на север, објавија вечерва косовските медиуми.

Сега редакцијата на ИндексОнлајн стигна до сликите од возилата и моторите кои утринава ги користела групата Срби на северот од Косово.

Автомобилите се веќе во рацете на косовската полиција и тие ќе бидат подложени на вештачење и дополнителни истраги.