Низ чаршијата веќе на големо се шпекулира дека ракометарот Дејан Пецаковски и Сања Ристиќ не се повеќе заедно. Имено, како што раскажуваат нивни пријатели, Сања и Дејан решиле да се разделат и секој да продолжи по својот пат, објави порталот Убавина и здравје.
„Неколку месеци не живеат заедно, мислам дека шансите да се смират се еднакви на нула, но никогаш не вели никогаш“ – ни изјави блиска пријателка на Сања, која е позната на нашата редакција.
Исто така се зборува дека причина за нивниот прекин на бракот било наводно неверство.
Инаку Сања стана позната уште многу одамна, односно кога како мало девојче го испеа познатиот хит „Ех тој Тоше“, а Пецаковски играше во повеќе македонски ракоменти клубови, а беше дел и од македонската репрезентација.
Тие од бракот имаат две машки деца…