Вероника Јангблад (38), која е обвинета дека ги застрелала своите малолетни ќерки откако ги зашеметила со гумени бонбони натопени во мелатонин, во петокот е осудена на 78 години затвор.

Вероника е обвинета дека ги убила своите ќерки Шерон Кастро (15) и Бруклин Јангблад (5) во нивниот стан во Меклин во август 2018 година. Шерон, иако тешко ранета, успеала да се јави во полиција и да и каже дека мајка ѝ пукала во неа, по што и починала.

За време на судењето, поротата слушнала аудио снимка од повикот на девојчето до полиција, која била толку вознемирувачка што на членовите на поротата им била понудена психолошка терапија.

Вероника за време на сослушувањето изјавила дека планирала да ги убие децата и себе си по долгогодишен спор околу старателството. Поранешниот сопруг на Вероника, Рон Јангблад, изјави за АП дека сакал да се пресели во Мисури со двете ќерки, но неволно се согласил да ја земе само Бруклин, бидејќи неговата поранешна сопруга се противела.

На судењето Вероника својата одбрана ја засновала на фактот дека во моментот на убиството била ментално болна, па нејзиниот план пропаднал. Поротата препорачала 78 години затвор откако го слушнала сведочењето дека Вероника пораснала во сиромашно семејство во Аргентина, била физички и сексуално злоставувана како дете и се свртела кон проституција како тинејџерка за да ја издржува својата постара ќерка.

Пред да биде осудена во петокот, Вероника повеќе од 30 минути зборувала за своите ќерки и за тешкотиите што ги имала за да ги воспитува.

„Бев добра мајка, но нешто се случи, не знам како да објаснам. Нешто ми експлодира во мислите“, рекла таа на судењето, објави Вашингтон Пост.