Адвокатот Асмир Алиспахиќ во емисијата 24 анализа рече дека сите добро го нзаат предметот на кој работел. Според официјалните извештаји како и релевантните фактори, овој случај е квалификуван како монтиран случај.

– Вклучен сум од првиот ден во случајот. Од првиот ден не бараме амнестија, туку правда за случајот и ќе продолжиме да ја бараме. Хаки Азири е правосилно осуден и пред неколку дена излезе соопштение од Врховен каде е повтрврдена првостепената и второтстепената на доживотно осудените. Ќе вложиме и лек кој е надвор од нашата држава, а тоа е судот во Стразбург. Очекувавме после таа одлука, дека единствената вистинска ќе биде ослободителна и видовме дека имаше многу процеси во самот процес. Сослушувањето на вештотот лице Николовска која потврди дека експертизата ја фалсификувала. Ќе покренеме кривична пријава за злоупотреба на службената должност. Законот за амнестија во ваква форма ги опфаќа осудените во „Монструм“. – вели Алиспахиќ.

Делото помагање по кривично дело не може да се гледа одвоено од примарното дело

Адвокатот Туше Гошев во емисијата 24 анализа истакна дека амнестијата сама по себе е специјален правен акт на државата со која се изразува милост кон народот и без искажување на милост не може да се врши власта во една држава. Според него, делото помагање по кривично дело не може да се гледа одвоено од примарното дело

– Амнестијата е позната од римското право, за првпат помилувањето е укинато во француско буржуаскиот период. Потоа е повторно е воведено во времето на Наполеон. Амнестијата и помилувањето се истородни правни акти и постигнуваат иста цел на различен начин. Со таквиот опис на давање на амнестијата се отвараат други прашања. Овој закон е во тесен опфат на правењето на амнестијата, а тоа значи дека само се помилуваат по основ на казните и делата. Аболицијата значи дека државата се откажува од кривично гонење и изрекување на казна. – вели Гошев.