Денеска 35-годишен маж од Куманово пријавил дека вчера околу 12 часот пред угостителски објект во село Стрезовце, општина Старо Нагоричане, лице кое го познавал и уште неколку лица, со употреба на сила го внеле во патничко возило.

Потоа физички го нападнале и му одзеле лични предмети и барале од него да им даде пари, по што го пуштиле да си оди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.