Мажот (86) кој попладнево активирал експлозивна направа во Клоштар Иваниќ во Хрватска починал од повредите во болница, дознаваат хрватските медиуми од полицијата.

Да потсетиме, околу 18:40 часот во полиција било пријавено дека повозрасно машко лице се обидело да се самоубие со експлозивна направа и притоа е тешко повредено. Немаше други повредени. Полицијата на крајот контактирала со него и го однела на лекување.

Како што беше објавено претходно, тој бил згрижен во дом за стари лица. Од засега непозната причина избегал од својата соба и се вовлекол на задното седиште од автомобилот на готвачката која работи во домот и таму се скрил.

Таа не го забележала до улицата Школска во Клоштра, кога тој се открил и ѝ се заканил со експлозив. Таа веднаш ја отворила вратата и побегнала и успеала да повика полиција.