Жена од Албанија на возраст од околу 50 години била распарчена во месарница во Грција, јавуваат доцна вечерва локалните медиуми.

Жената наводно ја чистела мелницата за месо кога се случила трагедијата, а за целата ситуација да биде уште потрагична, нејзината ќерка гледала како мајка ѝ загинува. Наводно, косата на жената се заплеткала во машината, која ја повлекла и ја распарчила.

Нејзината ќерка е пренесена во болница во состојба на тежок шок, а пожарникарите, полицијата и итната помош се обидуваат да го извлечат телото на несреќната работничка од машината, која брзо била исклучена.

– Мајката и ќерката работеле заедно чистејќи продавници. Жената живеела во Месолонги со двете деца, ќерката и 10-годишниот син, последните две години, кога дошла од Албанија, по разделбата со сопругот. Беше многу добра жена, работеше од утро до вечер заедно со ќерката чистејќи продавници, за да врзе крај со крај, изјави за грчките медиуми лице кое ја познавало и живеело во истото соседство.