Осомничениот за убиството на Клодијана Вефа, Албанката во Италија која беше убиена во четвртокот во близина на нејзиниот стан, извршил самоубиство, јавуваат утроо албанските и италијанските медиуми.

Алфред Вефа (38), поранешниот сопруг на 35-годишната исто така од Албанија, е пронајден мртов во изолирана област на Сан Касијано во Вал ди Песа. Според полицијата која со часови трагала по него, тој се самоубил пукајќи во себе со истото оружје со кое најверојатно ја убил поранешната сопруга.

Во раните утрински часови, во изолирана област на општината Сан Касијано во Вал ди Песа, граѓанин пријавил сомнителен автомобил, паркиран и оставен. Карабинерите кои интервенирале утврдиле дека се работи за автомобилот на Алфред Вефа. Двојката долго време живееше одвоено, додека беа во процес на развод. Се верува дека парот имал судири на љубомора, што довело и до разделба, додека зад себе оставиле две деца.

Клодијана Вефа, 35-годишната Албанка е убиена на сред пат додека се враќала од работа во провинцијата Кастелфуорентино во Фиренца во Италија. Тешкиот инцидент се случил околу 20:00 часот во четврток, 28.09.2023 година.

Двојката, која има две деца, 17-годишен син и 14-годишна ќерка, се чини дека се развеле во Албанија пред неколку години, иако разводот се уште не бил регистриран во Италија поради бирократски проблеми. Во Кастелфиорентино, иако разделени, живееле заедно, во иста куќа.