50-годишна мајка на две деца загина синоќа во Грција во досега незапамтен инцидент кога беше сомелена од мелницата за месо, откако истата најпрво ја зафатила нејзината коса. Сè се случило нешто по 21 часот во петокот (29/9), кога жената отишла во месарницата да ја исчисти продавницата со нејзината 18-годишна ќерка.

Додека 18-годишната девојка го чистела влезот на месарницата, слушнала врисоци од кујната и истрчала да види што се случува. Потоа, ја видела нејзината мајка фатена за коса во машината за сечење месо и искината на парчиња. Девојчето излегло на улица, почнало да вика помош и противпожарната служба притрчала во продавницата да ја ослободи.

Според информациите, 50-годишната работела еден месец во месарницата каде одела од понеделник до петок. Во исто време, според таткото на сопственикот на месарницата, машината има безбедносен прекинувач и работи само двапати неделно.

„Има безбедносен прекинувач. Жената веројатно ја подигнала за да може да ја сврти на другата страна. И очигледно го притиснала копчето, ненамерно се случило тоа што се случило“, нагласил за Мега таткото на сопственикот.

Жената две години живеела во Месолонги со двете деца, 18-годишната ќерка и 10-годишниот син, кога дошла од Албанија, по разделбата со сопругот. Според информациите, во куќата живеела и со нејзината мајка. Телото на несреќната жена е однесено во Патрас на обдукција, додека погребот се очекува да биде во следните неколку дена во Евинохори.