Сообраќајна несреќа се случи доцна синоќа, односно по 00:00 часот. Од засега непознати причини, патничко моторно возило марка ,,Волво” излетало од коловозот во близина на бензинската пумпа Лукоил на влезот во Кочани.
На местото на настанот увид изврши екипа од ОВР Кочани. Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.