Три лица се тешко повредени во пресметка на свадба во Бјелина, јавија утрово бањалучките медиуми.

Според информациите, две лица се избодени со нож, а третото е претепано во тепачката што се случила доцна синоќа.

Повредените со возило на брза помош се пренесени во болница, двајца се оперирани синоќа, а третиот утрово, јавува Независне новине, наведува Танјуг понатаму.

Засега не се познати информациите за нивната моментална здравствена состојба. Од полициската управа Бјелина соопштија дека кај нив била пријавена тепачка меѓу три лица и дека за се бил информиран дежурниот обвинител.