Седумнаесетгодишна девојка починала кај одморалиштето „Соколац“ на автопатот А1 во правец кон Сплит, соопшти полицијата.

Според „Индекс“, вчера, во 18.59 часот се случила сообраќајна незгода кога 44-годишен возач, кој управувал автобус со задарски регистарски ознаки, удрил во 17- годишно девојче.

Возачот додека го движел автобусот на позицијата за гориво, почнал да вози напред, без претходно да се увери дека тоа може да го направи без опасност за другите учесници во сообраќајот, пренесува „Јутарњи лист“.

Локалните медиуми објавија дека станува збор за девојка од околината на Бенковац, која ги придружувала младите фудбалери на клубот „Врчево“ од Главица во задарската област, кои биле во посета во Хрватско Загорје.

Од добиените повреди починала на самото место.