Мечка вечерва се спушти во селото Жировница во Маврово доаѓајќи до самите куќи во селото.
На видеото објавено од директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, се гледа како мештаните со викање ја бркаат мечката надвор од селото.
– Вечерва низ тесните улички на с. Жировница… Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон, напиша Ангелов.