Италијанскиот „Кориере дела сера“ пишува дека загинатите во страшната автобуска несреќа кај Венеција се претежно млади луѓе – Украинци, Германци и една Хрватка. Нивните роднини пристигнуваат за да ги идентификуваат телата.

Засега се знае дека животот го загубиле 21 лице, меѓу кои две се уште непознати малолетници и осум лица кои се веќе идентификувани. Меѓу нив се петмина украински државјани: Љубов Шишкарова (30), Ирина Пашенко и Јулија Ниемова, Васил Ломакин (70), Тетијана Бескораинова (65), Германецот Сидарт Џонатан Грасе (28), како и Хрватката Антонела Перковиќ, млада жена во возраст од околу дваесет години, која била на меден месец со сопругот Марко Баковиќ.

Двојката се венчала пред три недели во Сплит, а како почетна точка на патувањето ја избрале Венеција. Марко е тешко повреден и е хоспитализиран во болницата во Венето, каде што е на интензивна нега.

Починатите сопружници пристигнале во Венеција во вторникот, а околу 19 часот и 30 минути се качиле во електричен автобус кој тргнал од венецијанското Трончето и се упатил кон кампот Ху во Маргера, каде што требало да поминат дел од меден месец во Италија.

Наместо тоа, со автобусот се случила трагедија, кој најверојатно поради болест на возачот излегол од контрола и паднал во провалија длабока петнаесет метри, пишува Corriere della Sera.