Свадбеното патување на Антонела и Марко Баковиќ во Венеција, три недели по нивната венчавка, се претвори во незамислива трагедија. При слетувањето на автобусот од надвозникот кај Венеција загина 24-годишната Хрватка, а тешко е повреден нејзиниот сопруг Марко. Загинаа вкупно 21 лице, а станува збор за странски туристи, главно млади луѓе.

Двојката се венчала пред три недели во Сплит, а во Венеција пристигнале во вторникот. Околу 19 часот и 30 минути се качиле во електричен автобус кој по разгледувањето на популарната туристичка дестинација требало да ги врати во кампот Ху во Маргера каде што престојувале.

Трагедија се случила кога автобусот најверојатно поради болест на возачот паднал во провалија длабока 15 метри. Како што објави La Repubblica, Антонела била бремена.

Марко е тешко повреден и хоспитализиран во болницата Мирано во близина на Венеција. На интензивна нега, во тешка состојба, но свесен. Италијанскиот весник пренесува дека Марко прашал за сопругата во болница.

– Каде е мојата сопруга?, биле зборовите на Марко на кои премолчела медицинската сестра знаејќи ја вистината. Таа му рекла да одмори, дека мора да штеди енергија, пренесува La Repubblica.

„Кориере дела сера“ пишува дека Марко бил градежен работник и фудбалер кој играл за Слога од Мравинац.