Пејачката Селма Бајрами досега неколку пати зборуваше за кавгите што ја имаше со поранешниот сопруг околу старателството над детето, а последните месеци и за напорните вежби на кои се подложила за да го доведе своето тело до совршенство.

Таа сега решила да се пофали со резултатите на социјалните мрежи позирајќи пред огледалото во мини фустан и штикли.

На сликата Селма стои во креација која открива дека под неа не носи долна облека, а во коментарот додала дека има 43 години со црвен емотикон кој се поти.

„Мачка“, „Преубава си селма“, „Никогаш посовршена“, „Модел“ ,„Инспирација од мала“ , „Среќен 23 ти роденден“ – беа само дел од позитивните коментари.

Македонската јавност посебно ја памети Селма по дуетот со Елвир Мекиќ пред повеќе од десеттина години насловен “Шта је од Бога, добро је”.