Независна комисија за медиуми на Косово, побарала од кабловските оператори да престанат со емитување на каналите на Арена спорт, бидејќи утврдиле дека со емитување на одредени содржини на тие канали се направени пропусти и е нарушена националната безбедност на земјата.

Проблемот е тоа што Арена им оддаде почит на лицата кои на 24. септември загинаа на Косово.

Претседателот на Независната комисија за медиуми на Косово, Јетон Мехмети рекол дека тоа тело добило примедби од граѓаните поради емитување на видео спотови пред и после фудбалските натпревари со кои се оддава почит на тројцата српски државјани кои беа убиени.

„Ќе памтиме! Слава на хероите“, е спорниот спот поради кој е побарано да не се гледа Арена во Косово.

Поради тоа, телото побарало од кабловските оператори да престанат со емитување на каналите на Арена Спорт.