Александра Пријовиќ одржа три спектакуларни концерти во преполната Арeна и закажа уште четири во Загреб, а неодамна се почести со нов луксузен „ѕвер“ на четири тркала, па во својот возен парк додаде и црно БМВ чија цена на пазарот е над 150.000 евра.
Пејачката во него за прв пат се појави неодамна на роденденот на ќерката на нејзиниот кум Ацо Пејовиќ, каде според медиумите дошло до жестока расправија меѓу нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ и менаџерот Данијел Блажиќ Блашко, кој не се одвојува од пејачката.
Отсекогаш ѝ било важно на Пријовиќ автомобилот што го вози да биде безбеден и брз. Очигледно е дека БМВ и е омилена марка на автомобил, бидејќи нејзиниот претходен бил од истата марка, за кој во 2020 година платила 130.000 евра.