На програмата на ХРТ1 започна новата сезона на квизот „Кој сака да биде милионер“, а публиката реши уште еднаш да го покаже своето (не) знаење.

Имено, прв натпреварувач беше 43-годишниот Горан Муриќ, а целта му беше да го освои „милионот“ или 150.000 евра. Овој натпреварувач стигна до осмото прашање без да користи џокер-карта, а потоа го употреби џокерот „пола – пола“ на осмото прашање. Сепак, пред да го употреби џокерот „пола-пола“, Муриќ рече дека „џокерот од публиката веќе нема смисла“.

Прашањето гласеше: „Што од наведеното се простира низ најмногу земји? Понудените одговори беа Сибир, Сахара, Зачинските острови и Хималаите“. По џокерот, преостанатите одговори беа Сахара и Хималаите, а неговиот последен и воедно точен одговор беше Сахара.

Но веќе на 10. прашање за 5.000 евра, Муриќ не го знаел одговорот и ги искористил и другите два џокери. Прашањето беше:

„Кој државник се смета за зачетник на „Игри без граници“? Понудените одговори беа: Конрад Аденауер, Алсиде Де Гаспери, Шарл де Гол или Харолд Вилсон“.

Публиката одговори: Конрад Аденауер 13 отсто, Алсиде Де Гаспери 13 отсто, Шарл де Гол 33 отсто и Харолд Вилсон 41 отсто. Тарик Филиповиќ по овие резултати му порача дека најдобро е да се јави кај некој пријател што го знае ова.

Натпреварувачот потоа го искористил џокерот „повикај пријател“, кој не успеал да одговори во даденото време, а со тоа натпреварувачот не го ни слушнал неговото мислење.

На крајот се одлучи за одговорот на публиката кој за жал не беше точен и си замина дома со сума од 150 евра. Точниот одговор на ова прашање беше Шарл де Гол.

„Игравте храбро и чесно и паднавте“, изјави Тарик Филиповиќ, кој овојпат не сакаше да го коментира потегот на публиката.

Потсетуваме, во последната сезона од хрватското издание на квизот „Кој сака да биде милионер“, публиката четири пати ги доведе натпреварувачите до погрешен одговор.