Валентина О. (14) од Србија по која се трагаше, денеска е пронајдена во Источно Ново Сараево, потврди нејзиниот татко.

– Не знаеме како стигнала таму, немаме поим од каде таму. Сега жена ми ќе ја земе, пред малку ми кажа дека е пронајдена – рече тој.

Припадниците на полициската управа во Зворник во соработка со колегите од полициската управа Источно Сараево го пронашле девојчето кое последен пат било видено во неделата на 1 октомври кога оддалечило во непознат правец пред куќа во Каракај кај Зворник.

Била пронајдена неповредена и во добра здравствена состојба.