Почина актерот Кит Џеферсон, кој беше познат по улогата во филмот „Django Unchained“ на Квентин Тарантино. Почина на 53 години, два месеци откако објави дека му е дијагностициран рак, пренесува „Фокс њус“.

„Длабоко сум тажен поради смртта на Кит. Тој беше огромен талент и тоа е голема загуба за уметничката заедница. Тој имаше неколку проекти во подготовка и беше во средината на проектот што го долови неговиот уникатен и звучен глас. Со нетрпение чекаше да се врати во новата година. Моите мисли и молитви се до неговото семејство и блиските пријатели“, изјави претставникот на Џеферсон.

Кит беше релативно отворен за процесот на лекување со своите обожаватели, иако прво не сакал да ја сподели дијагнозата на рак со јавноста. Тој во една пригода објаснил дека кога првпат му бил дијагностициран рак, морал да престане да работи, да паузира и не сакал да ја сподели тажната вест со никого.

Актерот глумеше и во „Once Upon a Time in Hollywood“ заедно со Бред Пит и Леонардо Дикаприо. А, со Тарантино работеше и во „The Hateful Eight“.