Најпознатиот тиктокер од Македонија, Блаже познат како Македонија Б.К. зборуваше ексклузивно за емисијата Блиц дан и како што ексклузивно откри, од оваа социјална мрежа заработил неверојатни 600.000 евра, пишува Блиц.рс.
-Кога се парите во прашање, има љубомора, особено на тикток, кој стана најголем бизнис насекаде во светот. Кај мене нема навреди или малтретирање, тоа не го поднесувам и не го поддржувам, рече Блаже.
Тој откри колку пари заработува.
– Јас сум еден од најголемите тиктокери кои „гифтуваат“ (подаруваат). Добив некаде околу милион евра, половина тикток зеде, половина јас. Се што земав, го пратив на подароци и донирав – изјави тој за Блиц дан.