Мобилниот телефон очигледно и бил поважен на една мајка отколку нејзиното бебе во количка и само за среќа била избегната трагедија.

На снимката наречена „Модерна мајка“ не е наведено каде, ниту кога е снимена, а според натписот може само да се претпостави дека е Русија.

На видеото мајката стои покрај количката и гледа во својот мобилен телефон. Во следниот момент количката се движи кон улицата, но таа занесена во телефонот не го забележува тоа.

Дури кога количката стигнала на улица и се превртела, забележала што се случило.

Избезумено истрчала до количката, ја подигнала и ја турнала на тротоарот.

Единствено што се кажува на видеото е дека бебето за среќа е неповредено.

Еве како изгледа таа страшна ситуација: