Израелските одбранбени сили соопштија дека десетици нивни воени авиони гаѓале „многубројни цели“ во Газа кои му припаѓаат на Хамас. Не се соопштуваат повеќе детали, но на социјалните мрежи се појавуваат видеа од нападот.

Едно видео покажува проектили како погодуваат висока зграда во Газа. Премиерот на Израел во своето обраќање до граѓаните рече дека Израел е во војна.

„Граѓани на Израел, ние сме во војна – не во операција – во војна“, рече Нетанјаху во видео пораката.

Од утринава продолжуваат нападите на Хамас во многу градови во Израел, 5.000 ракети се истрелани врз Израел, а војниците на Хамас извршија инвазија на израелска територија. Над 100 луѓе се повредени, потврден е еден смртен случај, но се очекува бројот на загинати да биде многу поголем.