Познат маркет во центарот на главниот туристички центар Охрид ги тргна сите цени на артиклите и ги информираше сите купувачи дека поради новата одлука на владата за промените во цените купувачите ќе ги дознаат на каса, објави локалниот охридски портал powerinfo.mk.

Така рафтовите останаа празни, без цени на артиклите, а граѓаните се приморани за секој производ за цената да прашуваат на каса.