На 11.10.2023 околу 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, со повреда од остар предмет била пронајдена Л.Х.(29) од Скопје, по што била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Според пријавеното, три лица ја нападнале, а едно од нив ја повредило со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.