На социјалните мрежи се појавија снимки од беспилотни летала на кои се гледа тешко уништениот кварт Газа кој беше срамнет со земја од страна на израелските одбранбени сили во контранапад. Како што се наведува со видеото, станува збор за „елитниот“ дел од градот – таканаречениот Беверли Хилс во Газа.

„Сите лидери на Хамас имаат свои палати овде. Или да кажам, имаа свои палати“, се наведува со објавеното видео. А од палестинска страна велат дека целосно е уништена богатата населба Ал Римал во срцето на Газа.

„Ова е она што остана од населбата Ал Римал во срцето на Газа. Ова беше богата населба полна со куќи, облакодери и бизниси. Големината на уништувањето и загубата е поразителна“, напиша на Твитер Нур Одех, кој тврди дека е посветен на борбата за палестинската слобода.