Братот на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, Д. Ј. бил пријавен во полициска станица од женско лице поради недоразбирање за паркинг место, објави ФОКУС.

Исто така, тој истовремено истиот ден кога се случил настанот ја пријавил Т.М. дека физички го нападнала.

На 09.10.2023 во 12.35 во СВР Скопје Д.Ј. пријавил дека на паркинг на хотел во Скопје бил физички нападнат од женско лице поради недоразбирање околу паркинг место.

Исто така, Т.М. во СВР Скопје пријавила дека била нападната од машко лице, кое и го скршило и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, се наведува во одговорот од МВР.