Во манастирот Св. Јован Бигорски во црковен брак стапија Јордан Мијалков, постариот син на поранешениот директор на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков и примабалерината Александра Мијалкова и неговата партнерка Анастасија.
Манастирот беше украсен како никогаш досега, со раскошни аранжмани на цвеќиња, а на венчавката учествуваа најблиските роднини и пријатели на двојката.