Ремек-дело гол во македонската четврта лига на натпреварот меѓу Кул Здравје и Студеничани. Натпреварот заврши 3:3, меѓутоа „шоуто“ го украде Милан Ристовски, поранешниот напаѓач на Цементарница, Тетекс, Македонија ЃП, Борец…
Играчот на домашниот тим Кул, од половина терен упати удар кој заврши во мрежата на противничкиот голман. Фудбалерот го искористи своето искуство за да го постигне еден од најубавите голови во сезоната. Да беше во прволигашката конкуренција, сериозно ќе конкурираше за наградата „Пушкаш“.
Погледнете го голот на Ристовски кој го постигна на стадионот на Цементарница: