Во Хрватска денеска пристигна најавената промена на времето, со облаци, дожд и ветер, а снежни врнежи ја забелеа планината Платак, односно врвот Радешево. Снег паднал и на Кредарица во Словенија. Заладување се очекува и кај нас. Веќе од вторник ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а дневната температура ќе опадне за повеќе од десет степени.

Под влијание на студен и влажен воздушен бран од север, во следните часови на Балканскиот Полуостров температурите драстично ќе се намалат, и за повеќе од 10 степени.

Сето ова ќе биде проследено со силен северен ветер, на Јадранот силна Бура, а ќе има и врнежи од дожд. Со заладувањето, на планините над 1600, 1700 м.н.в се очекуваат и првите снегулки за оваа сезона.

Овој бран во Македонија ќе пристигне ноќта недела кон понеделник и ќе донесе засилен северен ветер, локални врнежи од дожд и нагло заладување на времето, односно температурите од понеделник ќе се намалат за 8 до 10 степени во споредба со сегашните, понекаде и за повеќе од 10 степени. Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови и во Македонија да провее по некоја снегулка.

Падна првиот снег во Хрватска

Следната седмица ќе биде многу променлива, повремено ќе има и врнежи, особено во понеделник претпладне и во вторник во текот на целиот ден. Во понеделник температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, а уште постудено ќе биде во вторник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

Прв снег падна и во СЛовенија

Сепак од средината на следната седмица повторно се враќа значително потоплото време, односно ќе имаме сеуште потопли денови, и покрај оваа голема и нагла промена на времето која ни следува, за Порта пишува Славчо Попоски