Будванската полиција во три часот утринава го уапсила Мнацаканјан Артјом (34) од Ерменија и запленила неколку парчиња оружје и силиконски маски. По повеќечасовна потрага, уапсен е и П.Х., кој бил во автомобилот каде е пронајдено оружјето. Се уште се трага по третото лице. Уапсените се осомничени дека учествувале во планирање на ликвидација.

„По наредба на дежурниот обвинител на ова обвинителство, по повод наведениот настан, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело злосторничко здружување во врска со кривичното дело лишен е од слобода А.М. дело недозволено држење оружје и експлозивни материи и П.Х. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело злосторничко здружување во врска со кривично дело недозволено држење оружје и распрскувачки материи и кривично дело фалсификување на документ“, се вели во одговорот на которското обвинителство.

Осомничените во законскиот рок ќе бидат изведени на распит кај државен обвинител, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката.

Од Управата на полицијата соопштуваат дека нивни службеници со спроведување на планирани активности за зголемена контрола на членови на организирани криминални групи и оперативно интересни лица спречиле ликвидација и ги привеле осомничените.

Оружје и маски биле пронајдени во „голфот“ со барски регистерски таблички во дворот во близина на недовршениот хотел на приведениот градоначалник на Будва, Мило Божовиќ.