Во Македонија во вторник ќе преовладува облачно и нестабилно време со пообилни врнежи од дожд, ветровито и свежо време, со дополнителен пад на дневните температури.

Пообилни врнежи се очекуваат во западните, северозападните и источните предели каде што локално ќе наврнат и од 20 до 25 литри дожд. На местата со над 2500 метри надморска висина со врнежи од снег. Ќе дува доумерен ветер од променлив правец кој што ќе достигне брзина и до 15 км/ч.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 15 степени, прогнозираат од „Weather4all“.