Обично не сакам да бидам популист на оваа тема, затоа што, како што кажав еднаш, не мислам дека е за фалење кога политичари велат не ми е важна платата, затоа што со тоа како да кажуваат не живеам од плата, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи по најавите за корекција на платите на функционерите.
„Јас живеам само од оваа плата и ми е важно. Во овој случај разбирам дека приоритет треба да бидат тие со плати околу минималната. Мислам тоа е клучно и ако ни дојде редот на нас во ред, ако не приоритет се тие граѓани во ова време на инфлација и на поскапување и треба да им се посвети внимание“, изјави Османи.
Во следниот период ќе се бара решение за кратење на фунцкионерските плати кои во април пораснаа за 78 отсто, но по некoлку месеци Владатa одлучи овој скок да го корегира.