Една жена почина, а двајца се во тешка здравствена состојба од кои постара жена во кома, откако дома јаделе пита со праз кои сами ја подготвиле.
Блиски роднини на семејството за Алфа брифираат дека питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз.
Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето.
„На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени Ц.С.(79), Ѓ.С.(55) и Д.Ќ.(47), сите од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје“, информираат од МВР.
Инаку, „метомил“ е инсектицид. Опасен отров по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава.