Емина С. е пејачката која е пронајдена мртва во таканаречен хотел за самци во Трстеник, јавуваат српските медиуми. Според непотврдени информации, соседите го пронашле безживотното тело дури по три дена откако починала.
„Извесно време беше болна и едвај се движеше. Синоќа пред влезот во зградата видов брза помош и полиција. Подоцна дознав дека е Емина. Не знам колку дена била мртва. Сигурно неколку“, сведочат тие.
На телото нема траги на насилство и засега нема сомнителни околности кои би можеле да укажуваат на кривично дело, соопшти полицијата.
„Знам дека имаше партнер кој доаѓаше овде и ќерка. Тие се прекрасни луѓе. Емина имаше тежок живот откако престана да пее”, изјави една од нејзините сосетки.