Мајка на 14-годишно момче од австралиската држава Нов Јужен Велс доживеала нервен слом, откако на суд раскажала дека нејзиниот син бил силуван.

Како што истакнала, тој една вечер дошол во дневната соба, а откако ѝ рекол дека бил малтретиран од 46-годишна инфлуенсерка, почнал неконтролирано да плаче.

– Беше во дневната соба и одеднаш се расплака. Никогаш порано не сум го видела да плаче така. Постојано повторуваше дека не разбирам, а потоа ми откри дека бил силуван. Беше целосно надвор од себе – открила мајката.

Судијата потоа побарал од мајката да објасни дали нејзиниот син конкретно ѝ рекол дека бил силуван или тоа е нејзин збор.

-Ми кажа дека бил силуван, токму со тие зборови. Плачевме со часови – додаде таа.

Жената се изјаснила за невина по две точки од обвинението за тежок сексуален однос со дете помладо од 16 години, а сепак била обвинета дека се прикрадувала во креветот на тинејџерот вечерта на почетокот на 2021 година и дека имала орален и пенетративен секс со него, известува Дејли Меил.