Истрагата за околностите и мотивот на грозоморното убиство на младата мајка (33) по потекло од поранешна Југославија во областа Генсерндорф во околината на Виена се уште е во тек, но се наведува дека на крвавиот чин му претходела расправија помеѓу разделен пар. Оружјето употребено за убиството, односно пиштолот, е запленето во автомобил на маж (35) кој е осомничен дека го извршил делото, соопшти полицијата.

Според тамошните медиуми, убиецот е по потекло од Босна и Херцеговина, но пораснал во Шведска, а од неодамна живеел во Австрија каде работел како агент за недвижности.

Фатално пукање пред вилата

Наводно, 35-годишниот пукал во својата поранешна партнерка во саботата околу 13 часот и 30 минути на улицата пред величествената вила вредна милион евра. Сведоците на убиството ја известиле итната помош, а покрај реанимацијата и сите напори на лекарите, младата мајка починала на лице место.

Осомничениот се предал

Осомничениот, кој не живеел со жртвата, побегнал со својот спортски автомобил, но набрзо се предал во полициската станица Дојч-Ваграм, каде што бил уапсен и одведен во затворот Корнејбург.

Мотив за убиството – спор околу старателство?

Оружјето што го користел убиецот било пронајдено во неговиот автомобил. Инспекторите дошле до заклучок дека мотивот за крвавиот пир најверојатно бил жестока расправија околу старателството на „едно или повеќе нивни заеднички деца“.

Јавниот обвинител нареди обдукција на телото, а истрагата е во тек.