ТИНЕЈЏЕР од Фридрихшаген во близина на Берлин е во вегетативна состојба од 7 август. Германскиот Билд пишува дека 17-годишникот отишол на куќна веселба и дека неговите пријатели наводно го дрогирале со разни опијати на забавата.

Младиот човек имал срцев удар и болничарите се обидувале да го реанимираат 16 минути пред да го однесат во болница. Во телото на тинејџерот лекарите пронашле опијати и бензодиазепини, кои во комбинација се сметаат за многу опасни.

Мајката на тинејџерот: Другарите му ставиле нешто во пијалокот

Билд наведува дека имал увид во лекарскиот извештај од кој е видливо дека пријателите момчето од забавата не се обиделе да го оживеат. Утрото по забавата, семејството се обидело да дојде до тинејџерот, но неговиот мобилен телефон бил исклучен. Набрзо дознале дека тој е во болница.

“Бев шокирана. Кој очекува дека детето никогаш нема да се врати дома? Секогаш можев да се потпрам на него. Неговите пријатели измешаа нешто во неговиот пијалок”, рекла мајката на тинејџерот, Керстин Б.

Младиот човек се школувал како келнер, а сакал да го продолжи образованието како шанкер и да работи во угостителството.