Смртта на бизнисменот Сакис Голфинос се претвора во трилер откако на 9 септември неговото тело беше пронајдено јагленисано во сопствениот автомобил на непристапно место. Пожарникари беа повикани да го изгаснат пожарот во неговиот автомобил, во шумата Кунупели. Неговото семејство уште од првиот момент смета дека се работи за кривично дело, додека зборуваат и за постоење на мажена жена во животот на 46-годишниот бизнисмен.

Според пишувањата на грчките медиуми од извори од истрагата, постои сомнение дека се работи за убиство при што сторителите го полеале бизнисменот со бензин, а потоа го запалиле. Мобилниот телефон на жртвата никогаш не бил пронајден додека неговите очила биле недопрени на друго место, многу блиску до местото каде што Сакис Голфинос бил јагленисан.

„Мојот брат имаше афера со мажена жена“

Братот близнак на жртвата со треперлив глас зборуваше во емисијата „Светло во тунелот“ сакајќи да го пронајде убиецот на својот брат.

„Денот кој промени се во мојот живот беше денот кога мојот брат почина. Она што го доживувам е нож во срце. Знам дека брат ми имал афера со мажена жена, која дала изјава во полиција. Сакам да го најдам убиецот на брат ми и да го прашам зошто го убил брат ми. Ова големо „зошто“ ме измачува, нека ми каже подоцна ќе му простам“, изјави братот на жртвата, Никос Голфинос.

Во емисијата зборуваше и близок пријател на бизнисменот, кој напомена дека 46-годишниот неодамна делувал прилично вознемирен со врската, но не сакал да ги проширува деталите.

„Три години Сакис имаше врска со мажена девојка од Патра, која ја запозна преку Инстаграм. Оваа жена му вршеше голем притисок и во последно време дојде до точка дури и да бара пари од него“, изјави пријателот на Сакис Голфину во емисијата „Светло во тунелот“.