Поминаа десет години откако хрватската актерка Долорес Ламбаша загина во сообраќајна несреќа. Автомобилот го управувал нејзиниот колега Стојан Матавуљ, а несреќата се случила околу 6:45 часот. На автопатот А3 кај Велика Копаница, стотина метри пред да влезе во Славоница, Матавуљ, кој управувал Нисан, удрил во задниот дел на VW Polo.
Долорес веднаш по несреќата била пренесена во болницата во Славонски Брод, но многу брзо се видело дека повредите се претешки. Хрватска тоа утро на 23 октомври 2013 година била во шок, а околу 14 часот лекарите констатирале смрт на младата актерка.
“Морам да ви кажам дека Долорес Ламбаша почина. Практично од времето кога беше примена во болница, извршивме мерки за реанимација. Траумата беше премногу тешка, неспоива со животот”, изјави тогаш докторката Бланка Саболиќ-Корменди. Од силината на ударот Долорес Ламбаша испаднала од автомобилот и со тешки повреди била пренесена во болница.
Долорес Ламбаша не била врзана и спиела кога се случил сударот !?
Вештакот Горан Хусинец за Јутарњи лист вели дека во сообраќајните несреќи најмногу страдаат оние кои спијат во возилата. Ламбаша спиела.
– Мускулатурата на луѓето кои спијат е сосема опуштена и затоа тие при судар најчесто испаѓаат од возилата. Во случајот на Долорес Ламбаша која беше ситна и лесна, тоа е уште поизвесно, поради малата маса на телото – вели тој.
Хусинец ги анализирал снимките од автомобилот по несреќата. Тој не верува дека Ламбаша била врзана со каиш, а исто така за него е неверојатно дека излетала низ задното стакло на автомобилот.
Ѓуро Пишковиќ, возачот на автомобилот „поло“ во кој се заби „нисанот“ кој го возел Стојан Матавуљ пред и двете возила да се превртат ја опишува страшната случка.
– Беше мрак и магла. Возев со 110 на автопатот како што секогаш возам. Забележав светла зад мене но мислев дека автомобилот ќе ме птерекне. Кога видов дека не оди во другата лента само цврсто се фатив за воланот бидејќи знаев што следи – вели Ѓуро.
Следниот момент нисанот силно удрил во него. Двете возила се превртеле.
– Бев врзан. Неколку пати се превртев а потоа успеав да излезам од скршениот прозор. Еден човек ми се приближи, рече дека сопатничката му е повредена. Видов дека некој лежи покрај „нисанот“ а потоа тој се врати до неа и ја довикуваше…
Младата актерка ќе биде погребана денеска во Шибеник. Матавуљ за хрватските медиуми изјави дека лекарите му забраниле но тој ќе оди на погребот да ја испрати својата пријателка и колешка.