Полициските власти во Грција ги истражуваат околностите под кои 43-годишната мајка од Каламата загинала откако во средата наутро паднала од 4-ти кат од станбената зграда во која живеела на улицата „Херодоту“.

На местото каде што несреќната жена е пронајдена падната, полицијата пронашла и тепих. Според очевидци од областа, кои разговарале со полицијата, ја виделе жената како тресе тепих пред да падне.

43-годишната мајка изутрината ги однела двете малолетни деца на училиште, а потоа се вратила дома. Кога се случила кобната несреќа таа била сама во станот и полицијата ја прегледува и можноста за несреќата.

Според последните информации, 43-годишната ја напуштила работата и се посветила на воспитувањето на своите деца. Нејзината смрт од падот била моментална и полицијата ги истражува сите можности за да одговори на нејзиното семејство кое е шокирано од трагичниот настан.