На Х е споделено видео на кое се гледа внатрешноста на луксузен стан во Белград на вода, кој чини повеќе од милион евра. На почетокот на видеото на кое се гледа луксузниот стан, агентот за недвижности вели дека по завршувањето на изградбата бил „целосно соголен“ за секој дел да биде најквалитетен.

Коментирајќи го ентериерот, тој понатаму наведува дека сите санитарни јазли се од луксузниот бренд Gessi.

„Дури и оваа четка за тоалет чини 700 евра“, вели тој. Наведено е и дека сменет бил секој кабел и осигурувач и поставен бил систем за паметен дом, а прикажани се и радијатори од по 3.000 евра.

„Немојте да се чудите што никогаш досега не сте виделе вакви радијатори“, продолжува тој. Подовите на станот се обложени со најквалитетен италијански паркет од орев чија цена е 260 евра за метар квадратен.

Има и подно греење, дури и на терасите со поглед на реката Сава. Станот се наоѓа во зградата BW Terraces која има сопствен базен и теретана.

Белград на вода, односно Београд на води, е проект за развој на урбана обнова, предводен од Владата на Србија, чија цел е подобрување на градскиот пејзаж и економијата на Белград преку ревитализација на амфитеатарот Сава, запуштен дел од земјиштето на десниот брег на реката Сава, помеѓу Београдски сајам и Бранков мост. Почна да се гради во 2014 година.