Раде Трајковски Штекли кој заедно со негов помлад соработник во вторникот беа тешко ранети во пукање што се случи среде бел ден во трговскиот центар „Ист гејт“ е маркирана и осудена жртва од шефовите на криминалните кланови, анализира за „Фокус“ поранешниот помошник директор за криминалистички работи во БЈБ при МВР, Љубомир Ѓурчески.

Тој е убеден дека ако се извлече и сега ќе има нов напад врз него до целосна ликвидација.

–Факт е дека Штекли е маркирана и осудена жртва од шефовите на криминалните кланови. Кои се причините за неговата осуда може да ги анализираме односно да ги набројуваме, Штекли се поврзуваше со убиството на Јанушев кое се случи во Аеродром пред неколку години, второ можеби е тој прогласен дека соработувал со безбедносните служби или пак наместил да падне некоја количина на дрога, или некој од повисоко позиционираните луѓе во нарко бандите, некој неплатен долг или друга поголема загуба за бандата. Тој и ако сега преживее јас сум убеден дека ќе има и нов напад врз него до целосна ликвидација освен ако не дозволат откуп што е малку веројатно, вели Ѓурчески за „Фокус“.