Повредени полицаијци и затовреници, пронајдени ножеви, дрога, мобилни телефони при претрес во затворот. Според информации на Канал 5, кога разбрале за претресот, над 60 тина затвореници се собрале и се обиделе да го попречат истиот и почнале да маваат по полициските службеници, на што тие возвратиле. Со повреди во инцидентот се здобиле и полициски служебници, но и затвореници.
„Се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. При тоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците.“- -изјави Тони Ангеловски – портпарол МВР.
Еден полицаец и еден затвореник веднаш биле пренесени на Ургентниот центар за укажување на лекарска помош. Дирекоторот на Ургентен, Александар Трајановски за Канал 5 вели направени се сите испитувања, се работи за полесни повреди.
При претресот пронајдени и одземени биле 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за мобилни телефони и дрога. Од МВР велат по документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни пријави.
Во меѓувреме, новинарот Фуркан Салиу на социјалните мрежи објави фотографии од претепани затвореници: