На 27.10.2023 во 19.00 часот во СВР Куманово Н.С.(41) од Куманово пријавил дека неговата невенчана сопруга Х.С.(35) од с.Клечовце, кумановско, која имала здравствени проблеми, заедно со нивната ќерка А.С.(7) се оддалечиле од домот, а тој се сомнева дека заминале за Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.